Откако вчера се одиграа уште еден дел од квалификациските натпревари, веќе се познати повеќе од половина од учесниците на завршницата на ЕП 2024 во Германија. Првенството во Германија следното лето ќе има 24 селекции учесници, а веќе 13 од нив имаат обезбедено виза за учество.
Своето место во Германија вчера го обезбедија Данска и Албанија, кои веќе им се приклучија на Белгија, Франција, Португалија, Шпанија, Шкотска, Турција, Австрија, Англија, Унгарија и Словачка, како и на домаќинот Германија, кои од претходно обезбедија место на првенството.
Вечерва шанса да обезбедат учество на ЕП 2024 ќе имаат Велс, Холандија, Швајцарија и Романија.