На натпреварот од шестото коло на холандскиот шампионат помеѓу Херенвен и Емен (4:0), на трибините беа поставени мечиња – играчки.
На стадионот на домашната екипа беа поставени 15 000 мечиња за да го свртат вниманието на децата заболени од рак.

Со убедлива победа, Херенвен се искачи на третото место на табелата во шампионатот Холандија со 13 бода. Емен со 3 е на 16-то место. Лидер на табелата е Ајакс со 15 освоени бодови.
Најзвучен настан од 6. коло на холандскиот шампионат беше победата на Ајакс на мечот со Венло кој заврши со неверојатни 13:0. Средбата се одигра на стадионот Де Кул во Венло. Напаѓачот на Ајакс, Ласина Траоре на оваа средба успеа да пстигне пет гола. Ајакс на овој натпревар постигна повеќе голови отколку на претходните пет средби.

