Денеска во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија.
Во неа ќе бидат вклучени екипите на: Силекс, А. Пандев, Шкендија, Шкупи, Борец, Македонија ЃП, Вардар, Скопје, Охрид, Пелистер, Ренова, Беласица, Работнички, Тиквеш, Струга Трим Лум и Брегалница.
Наредната рунда ќе биде реализирана на 20 октомври додека 1/4 финалето е предвидено во ноември. Завршните мечеви за победничкиот пехар ќе бидат догодина.