Во 12.00 часот в понеделник (18 декември) ќе бидат формирани двојките за првата фаза на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони.
Во улога на носители ќе бидат: Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Реал Сосиедад кои ќе имаат привилегија реваншот да го одиграат на домашен терен.
Во вториот сад ќе бидат екипите на: Копенхаген, Интер, Лацио, Лајпциг, Наполи, Порто, ПСВ и Пари Сен Жермен. Во наредната фаза не може да се сретнат две екипи од иста земја и тимови што играле во иста група.