Со својата посветеност на спортот и работата веќе 16 години опстојуваме во скопскиот и македонскиот етер. Годинава поради светската пандемија, за жал, не можеме да направиме голема дружба со сите наши пријатели, партнери, деловни соработници, спортски пријатели… Спортското радио 90.3 фм во сите години остана доследно на својата определба – спорт и добра музика.
За оние кои го сакаат спортот, тука сме секојдневно да ги донесеме најновите вести и информации и од домашната и од меѓународната сцена. За оние кои музиката им е предизвик, тука сме да потсетиме на најголемите некогашни и сегашни музички хитови.
Ви благодариме за љубовта со која не поддржувате сите овие години. Ова е само уште една етапа од нашата заедничка дружба на 90.3 фм.
Среќни 16 години! Среќен роденден!