По повод одржувањето на 16-то ФАИ Светско првенство во параглајдерство, на кое домаќин ќе биде градот Крушево и Пелагонискиот регион, денеска на прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт беа споделени и дел од деталите за настанот.
На прес-конференција свое обраќање имаше директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Воздухопловната федерација на С.Македонија, Владимир Бараковски и градоначалникот на Крушево, Томислав Христовски.
„Агенцијата за млади и спорт во соработка со Воздухопловна федерација и Општина Крушево во изминатиов период беа организатори на повеќе меѓународни натпревари во параглајдерство, што условија и добивање на организација на натпревар во параглајдерство од светски размери“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Тој додаде дека е ова е можност за промоција на спортот, но и природните убавини на Крушево и Пелагонискиот регион, и ги повика сите вљубеници во спортот да бидат дел од овој настан.
Светското првенство ќе се одржи од 5-18 Август со учество на 150 пилоти од 49 нации, а нашата репрезентација ќе биде составена од тројца успешни летачи.