Ливерпул денеска и официјално го донесе првото засилување. Она што медиумите го најавија уште минатата недела, се реализираше.
Младиот 17-годишен фудбалер на екипата на Цволе, Сеп ван ден Берг, од денеска е нов член на европскиот шампион.
Иако има само 17 години, Ван ден Берг одигра 15 натпревари во првата холандска лига минатата сезона и неговите настапи не останаа незабележани.
„Не можев да поверувам, мислев дека е шега. Навистина бев среќен, а искрено, бев малку и уплашен затоа што толку голем клуб покажа интерес за мене. Бев малку уплашен, но во исто време и многу возбуден. Ливерпул за мене е најголемиот клуб во светот, а сега сонот ми се оствари“, изјави владиот Сеп по потпишувањето на договорот.
