22 февруари е посебен ден за нас. Во 2005 година, по десетина години минати на друга фреквенција, почна историјата на денеска единственото Спортско радио во Македонија и регионот.
На 90.3 фм, полни со ентузијазам почнавме нова спортско-новинарска приказна која трае се уште. Мала, одбрана екипа, веќе 18 години шири позитивен дух во етерот, продуцира спорт и спортни информации, разговори, интервјуа, дава простор на оние кои секојдневно се борат за себе, за спортот и Македонија.
Сето тоа зачинето со избран музички репертоар! 18 години се полнолетство, а за нас медиумско искуство кое се надеваме ќе трае уште многу години! За многу години денот, 18. роденден – СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ!