На денешен ден, пред 20 години, женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја откако ја освои Лигата на шампионите.
Кометалки во Скопје во реванш мечот за титула го совладаа Херц (26-22) и ја анулираа негативата од првата средба кога загубија 27-25.
Мечот одигран во преполната СРЦ „Кале“ донесе голема радост за нашата земја а орото кое се играше на песната – „Македонско девојче“ стана препознатлив знак за женскиот ракомет.

