По завршувањето и на последното коло од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020, станаа познати 20 учесници на завршницата на континенталното натпреварување.
На ЕУРО 2020 досега учество изборија: Белгија, Италија, Русија, Полска, Украина, Шпанија, Турција, Франција, Англија, Чешка, Финска, Шведска, Хрватска, Германија, Холандија, Австрија, Португалија, Данска, Швајцарија и Велс.
Уште четири учесници на ЕП ќе се пласираат преку Лигата на нации на пролет идната година. Меѓу кандидатите е и Македонија која во полуфиналето од четвртата група ќе игра со Косово.
Европското првенство ќе се одржи во 12 града ширум континентот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

