Тотенхем испрати понуда од 25 милиони фунти за играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грилиш.Како што е познато, менаџерот на Спарс, Маурисио Почетино сака по секоја цена да го купи 22-годишниот играч од средниот ред и се надева дека овој предлог ќе биде доволен да ги убеди “Вила” за зделката да стане факт.
Засега од Астон Вила се категорични дека не сакаат да се разделат со својот најдобар фудбалер, но на крајот веројатно ќе попуштат под високите понуди од Тотенхем.