Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Се спушти завесата на „Виз Ер Скопскиот маратон“
    Домашен микс

    Се спушти завесата на „Виз Ер Скопскиот маратон“

    dinoBy dino06/05/2018Updated:07/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Маратонците од Кенија очекувано ги освоија главните награди на годинешниов – „Виз Ер Скопски маратон“. Победи Еванс Кипкемои Бивот кој патеката ја помина за 2.14.08 часа пред Џон Лагат и Хозе Руто Кипротич. Што се однесува до нашите, најдобар беше Александар Кираџиев кој успеа да го освои петото место.

    Во женската трка победи Џедида Карунгу од Кенија која постигна време од 2.51.24 часа пред Марија Брајиќ (Хрватска) и нашата Адријана Поп Арсова.

    Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, го повтори успехот од претходната година откако победи на полумаратонската трка.. Тој обезбеди време од 1 час, девет минути и 10 секунди. Веднаш зад него трката ја завршија нашите: Атанас Анчевски и Милош Ранчиќ.

    Кај дамите, Милјана Ристиќ  немаше вистинска конкуренција и со резултат од 1.25.15 часа сигурно го освои првото место пред Амела Трозиќ од БИХ и Силвија Шимуновиќ од Хрватска.

    Машкиот дел на трката на 5 километри помина во доминација на нашите. Првото место го освои Богдан Цветковски, втор заврши Крстијан Стојани а трет Леонид Вандевски.

    Во конкуренција на жени, најбрза беше Креша Бакрачи од Косово пред нашите Марго Бојаџиева и Викторија Ѓорѓевска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Давитков се врати во татковината

    02/02/2023

    Текбол дојде во Македонија

    27/01/2023

    Вечерниот термин е главно резервиран за нашите одбојкари

    26/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.