Вечерва во Ријад беше одржана официјалната промоција на една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Кристијано Роналдо. Португалецот од пред некој ден стана член на тамошниот клуб Ал Наср, а денеска пред повеќе од 30.000 навивачи се појави во дресот на новиот клуб.
На прес-конференцијата која беше организирана во прес-салата Роналдо одговараше на новинарски прашања, истакнувајќи дека е среќен за овој потег кој, како што вели, е негова лична одлука.
„Ги соборив сите рекорди во Европа и сакам да го сторам тоа и овде. Дојдов овде за да победувам. Сакам да уживаме и да се смееме заедно сите овед во Ал Наср. Фудбалот сега е поинаков, еволуцијата на фудбалот е поинаква. Многу луѓе зборуваат, но не знаат ништо за фудбалот. Сакам да пренесам поинаква визија за земјата и за фудбалот овде, и затоа го прифатив овој предизвик. Ова е одлична можност, не само во фудбалот, да се промени менталитетот на новите генерации. Многу клубови од Австралија, САД, Португалија се обидоа да му ангажираат, но мојата работа во Европа е завршена и горд сум на нов предизвик. Моето семејство е среќно и ме поддржуваат во одлуката. Луѓето во Саудиска Арабија ме сакаат. Пречекот беше спектакуларен“, беше првата изјава на Роналдо како фудбалер на Ал Наср.
По завршувањето на прес-конференцијата на која зборуваше и тренерот на тимот Руди Гарсија, Кристијано замина на пат кон соблекувалните за да го облече дресот на Ал Наср и да излезе да ги поздрави своите нови фанови.
Cristiano Ronaldo dos Santos Aveiro is here 💛💙pic.twitter.com/jmbK6o67M9
— 433 (@433) January 3, 2023