Рускиот тенисер Карен Хачанов е победник на Мастерс турнирот во Париз, откако во финалниот меч се надмина себеси и успеа да го совлада големиот фаворит, Србинот Новак Ѓоковиќ.
За Хачанов ова е прва Мастерс титула во кариерата. 22-годишниот Русин во финалето денеска славеше вод ва сета со 7:5 и 6:4 за еден час и 38. минути игра. Ѓоковиќ имаше доста грешки и беше далеку од формата која ја покажа на досегашните средби. Русинот тоа го искористи и супеа да дојде до големиот трофеј.