Челниците на фудбалскиот состав Баер Леверкузен се определија да му врачат отказ на тренерот, Хајко Херлих, откако „фармацевтите“ влегоa во серија на катастрофални резултати во сите конкуренции.
Баер иако се вбројуваше меѓу претендентите за висок пласман, првиот дел од сезоната го заврши далеку од посакуваните позиции во врвот на табелата што се покажа како доволна причина Херлих да заработи отказ. Во пролетниот дел од Бундеслигата, тимот ќе биде воден од Петер Бош, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ајакс.
Неговата промоција е закажана за 4 јануари а договорот треба да му биде валиден до јуни во 2020 година. Во меѓувреме со играчите ќе работи помошникот тренер, Нико Шнек.

