Наполи, Монца и Фиорентина покажуваат интерес за 34-годишниот голман на Јувентус, Војчех Шчесни, објавика дел медиумите во Полска повикувајќо се на италијанските портали.
Според изворот, италијанскиот гигант Јувентус сака да го продаде полскиот голман, бидејќи, новиот тренер на тимот Тиаго Мота не смета на него, а второ, има исклучително висока плата.
Старата дама ја разгледува опцијата за раскин на договорот со Шчесни, кој завршува летото 2025 година. Сепак, во овој случај Јувентус сепак ќе мора да му плати обештетување на голманот.
Полскиот голман за италијанскиот гигант настапува од 2017 година. Во овој период учествуваше на 252 натпревари на сите турнири, од кои на 103 ја чуваше успешно својата мрежа. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на голманот е 6 милиони евра.

