Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани одби да ги коментира гласините за можно заминување од тимот.
„Тоа се случува во фудбалот. Понекогаш играте повеќе, понекогаш помалку, тренерот треба да одлучи. Има многу гласини, но, не треба да им обрнувате многу внимание. Главната работа е да бидете подготвени и да ја искористите шансата“ – вели Уругваецот.
„Сезоната само што започна, нема да шпекулирам за трансфер иако сите сакаат да дискутираат и секогаш ќе разговараат на темата, исто како и печатот” – вели Кавани за – „Манчестер Ивнинг Њус“.