Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да слават на гостувањето кај градскиот ривал Евертон, играјќи нерешено 0:0, со што му го препуштија првото место на табелата на шампионот Манчестер Сити.
Избраниците на Јирген Клоп одиграа еден слаб меч, пропуптија неколку добри шанси за гол, но и имаа среќа во одреден дел од мечот, затоа што и домашните имаа добри позиции да го загрозат голот на Алисон Бекер. По вчерашната победа од 1:0 на гостувањето кај Бурнемаут, тимот на Пеп Гвардиола стигна до 2 бода предност пред „црвените“, а со денешниот освоен бод против Евертон Ливерпул остана на минус 1 во однос на „граѓаните“.