Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»
    Фудбал

    risteBy riste16/03/2019No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По одржаната прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт (АМС) од страна на Фудбалската федерација на Макеоднија излегоа со соопштение кое во целост ви го пренесуваме:

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се чувствува повикана да реагира по повод одржаната прес – конференција во Агенцијата за млади и спорт (АМС) од страна на директорот на управниот орган за млади и спорт, г-динот Дарко Каевски.

    Фудбалската федерација на Македонија ги почитува и поздравува напорите, сугестиите, па дури и одредени предлози од страна на Агенцијата за млади и спорт во однос на евентуалната потреба за измени и дополнувања на Статутот на Фудбалската федерација на Македонија, а во насока на усогласување на Статутот на ФФМ со Законот за спорт.

    Напоменуваме дека решението со кое се утврдени недостатоци, односно неусогласеност на Статутот на ФФМ со Законот за спорт не е конечно поради што до конечност на таквото решение не може да се пристапи кон спроведување на решението.

    Без да ја претпоставуваме, односно да ја прејудицираме одлука на второстепената комисија која одлучува по поднесената жалба од страна на ФФМ против ваквото решение, ја известуваме јавноста дека во зависност од исходот на таа постапка ќе постапуваме во согласнот со одлуката која ќе биде конечна.

    Доколку се потврдат наодите на првостепеното решение, како Фудбалска федерација на Македонија ве уверуваме дека веднаш ќе побараме формирање на комисија со претставници од УЕФА, ФИФА и Агенцијата за млади и спорт која ќе има обврска да направи потребни измени и дополнувања на Статутот на ФФМ за истиот да биде целосно во согласност со евентуално таквата конечна одлука на второстепената комисија.

    Во однос на регуларноста на утрешното Редовно Генерално Собрание на ФФМ истакнуваме дека во целост е организирано во согласност со одредбите на Статутот на ФФМ. Изборот на претседател на Фудбалската федерација на Македонија е исто така во согласност со Статутот на ФФМ. Во текот на утрешниот ден, делегатите на Собранието на ФФМ кои ќе одлучуваат за идниот претседател на ФФМ се избрани во согласност со Статутот на ФФМ. Токму овие делегати се луѓето кои во идина, доколку има потреба ќе одлучуваат за евентуалните статутарни промени. 

    Барањето за измена на Статутот на утрешното Собрание во овој момент, на ден пред одржување на Собрание формално – правно е невозможно.

    Конечно, како што детално е објаснето и во жалбата на решението, постоечкиот Статут на ФФМ е УСОГЛАСЕН со одредбите на Статутите на УЕФА и ФИФА, како и со одредбите на Законот за спорт и сите останати позитивни прописи во државата.

    Напоменуваме дека начинот на претставување на фудбалските клубови и други фудбалски чинители потекнуваат од самото основање на Фудбалски сојуз на Македонија. Поради комплексната структура на фудбалската организација, клубовите се претставени преку Општинските фудбалски Сојузи кои се посебни правни лица. Општинските фудбалски Сојузи како такви имаат утврдени надлежности во фубалската организација.

    На крајот, ја поздравуваме ангажираноста на директорот на Агенцијата за млади и спорт и сметаме дека целта која ја имаме е заедничка. Фудбалската федерација на Македонија како управувачко фудбалско тело во државата ќе продолжи да постапува во согласност со одредбите на Статутите на УЕФА, ФИФА, Законот за спорт и останатите позитивни законски прописи во државата.

    Според најавеното утре (недела) во 10 часот во Хотелот „Инекс Горица“ во Охрид ќе биде одржано собранието на ФФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.