По завршување на подготовките во Пехчево во хотелот Гогов, денес Карате федерацијата на Македонија во просториите на Агенцијата за млади и спорт по претходниот прием кај директорот Дарко Каевски, одржа прес конференција по повод претстојното Европско првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија.
На пресот беа присутни и селекторите во борби Сашко Арсовски и Бошко Заборски, како и селекторот во кати Стојан Андриевски.
Селекторите изјавија дека веруваат во квалитетите на нивните избраници и очекуваат дека и овој пат поголемиот дел од нив ќе се најдат на победничкиот подиум. Инаку на ова европско првенство вкупно ќе настапат над 500 каратисти од вкупно 51 земја.
Македонија на ова ЕП ќе ја преставуваат:
Кумите машки:
Емил Павлов -60
Берат Јакупи -84
Фахик Весели -68
Жарко Арсовски 84+
Азис Исмаил -75
Кумите женски:
Наташа Стефановска -61
Сара Радичевска -50
Симона Заборска -55
Моника Стефановска -68
Екипно:
Доан Османи -75
Петар Спасеновски -84
Кати:
Фери Исиќ
Пулeксенија Јовановска