Македонскиот фудбалси интернационалец Давид Бабунски го постигна вториот гол сезонава за својот клуб Омија Ардија. Утринава Бабунски стрелаше прецизни во 92. минута за победа на Омија од 2:0 на гостувањето кај Кагошима во 8. коло од јапонската Втора лига.
Нашиот фудбалер влезе во 86. минута и шест минути подоцна прими топка во нападот, ја измами противничката одбрана и со убав и елегантен шут ја затресе мрежата на домаќините. Неговата Омија се искачи на седмото место на табелата.
View this post on Instagram