Шампинот Шкендија доживеа вистинска бламажа и загуби на гостувањето кај Беласица во Струмица со 2:1 во денешниот меч од 30. коло во ПМФЛ. Гостите на мечот се појавија со вториот тим, и практично му ги подарија трите бода на струмичкиот состав кој се бори за опстанок.
Победа пак со пресврт славеше во Скопје над екипата на Работнички со 2:1. Во Тетово Ренова обезбеди минимална победа над Силекс од 1:0, додека Вардар имаше одличен настап на гостувањето во Ѓорче Петриов и обезбеди победа од 2:0 над екипата на Македонија, а во последниот меч Шкупи пред своја публика со 1:0 беше подобар од Академија Пандев.
Фудбал, ПМФЛ – 30 коло
Беласица – Шкендија 2-1
Македонија ЃП – Вардар 0-2
Работнички – Победа 1-2
Ренова – Силекс 1-0
Шкупи – Академија Пандев 1-0