37 различни играчи заиграа за екипата на Челзи во Премиерлигата во последните 9 месеци. Според „Опта Спорт“, Лесли Угочукву викендов стана 37-от фудбалер кој се нашол во составот на „сините“ од Лондон на премиерлигашки натпревар во тековната 2023 година.
19-годишниот Французин заигра од првата минута на натпреварот од 5. коло против Бурнмаут (0:0). Претходно тој имаше настап само во меч од Лига купот.