Поранешниот фудбалер на Јувентус и италијански реперезентативец, Клаудио Маркизио и официјално го напушти Зенит откако двете страни решија меѓусебно да ја завршат соработката.
„Клубот може да потврди дека Маркизио си заминува во взаемна согласност на двете страни“, објавија од Зенит.
33-годишниот фудбалер си замина од Јуве минатото лето, а еве по една година во Русија реши да го напушти и Ст. Петерсбург. Поради проблеми со коленото, неговите настапи во тимот беа ограничени на само 15 натпревари, а во нив успеа да постигне и два гола.

