Македонската фудбалска репрезентација до 18 години го освои третото место на 26-тото издание на силниот меѓународен турнир –„ Вацлав Јежек“ откако во битката за третата позиција беше подоба од Унгарија со 3 спрема 0.
Нашата репрезентација во групниот дел го освои второто место откако загуби од Украина сo 2:1 а славеше против Словачка со 3:2. Селекторото, Шкумбин Арслани, во изјвата за сајтот на ФФМ, не крие дека е задоволен со постигнатиот ефект на собирот во Чешка во конкуренција на домаќинот, Украина, Словачка, Летонија и Унгарија.
„Фудбалерите покажаа дека имаат квалитет кој допрва ќе дојде до израз. Верувам во момчињата и знам дека можат повеќе. Победата му ја посветуваме на нашиот голман, Марко Алчевски, кој по операцијата на коленото е во процес на рехабилитација . Сите му пожелуваме што побрзо да се врати на зелените терени” – изјави селекторот Арслани.