Тренерот на фудбалерите на Челзи, Грим Потер, ќе биде без Н’Голо Канте, Едуард Менди, Марк Кукуреја и Карни Чуквуемека за утрешното лондонско дерби со Кристал Палас во рамките на Премиер лигата.
Канте штотуку ги продолжи тренинзите и не може да игра во догледно време. Менди се оправува добро но, недоволно за да се искористи на теренот во текот на викендот.
Болните Кукуреја и Карни исто така нема да се појават на утрешниот меч.