Барселона е подготвена да плати 40 милиони евра и плс да ги испрати во Париз, Филипе Кутињо и Усман Дембеле, за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“. Ова е веста која денеска ј аобјави весникот „АС“.
Нејмар сака да го напушти Париз бидејќи не се чувствува среќен. Ова беше откриено и од претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу, но тој додаде дека ПСЖ нема да пушти ова лето. Напаѓачот се труди да се врати во Барселона по секоја цена, а за таа цел имал и средба со првите луѓе на францускиот тим.