Денеска во Собранието на Р. Македонија беа доделени годинешните државни награди „8 Септември“ за посебни остварувања во спортот.
Како што и пред извесно време објавивме, годинешни добитници на наградата се Томе Коцев (борење), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал) како и д-р Слободан Николиќ. Посебна награда за животно дело му беше доделена на Драган Стојановски, првиот човек на Карате федерацијата на Македонија, човек кој долги години е прв човек на македонското карате и најзаслужен за успехот на федерацијата, но и за условите и третманот на македонските каратисти.
Покрај специјалните признанија, добитниците ќе добијат и еднократна парична награда во висина од 10 просечни плати.