Фудбалскиот шампионат на Мексико е суспендиран поради пандемија од корона-вирусот, соопшти фудбалската федерација на земјата.
Во моментов според последните податоци таму има повеќе од 40 лица заразени со КОВИД-19.
Шампионатот беше прекинат по 10. коло на неодредено време. На врвот на табелата лидер е екипата на Круз Азул со 22 поени.

