Фудбалерите на бразилскиот Гремио пред натпревар во регионалниот шампионат против Сао Луис излегоа со заштитни маски во знак на протест бидејќи земјата дозволи да се игра фудбал во време во кое што скоро цел свет мирува.
Голем бројот на екипи од Јужна Америка започнаа да негодуваат и покрај тоа што превентивно се игра пред празни трибини.
Во моментов првите луѓет на бразилскиот фудбал остануваат на ставот дека првенството треба да се доигра.