Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство како поддршка за справување со Ковид-19
    Домашен микс

    Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство како поддршка за справување со Ковид-19

    sasoBy saso07/04/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Државна видеолотарија донира 11 107 000 денари за јавното здравство со цел да придонесе во напорите за справување со Ковид-19.

    Десет милиони денари од оваа сума се наменети за Министерството за здравство. Дополнително, 615 000 денари во медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492 000 денари ќе добие и Јавната здравствена установа – Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Скопје. 

    Донација од десет милиони денари за Министерството за здравство

    Нашата земја е исправена пред силен предизвик кој напаѓа на глобално ниво. Од овие причини, брзото реагирање во оваа глобална здравствена криза е многу важно. Во вакви услови неопходна е солидарноста. Државна видеолотарија одлучи да биде дел од заедничката координирана акција која се презема за итно справување со здравствените предизвици, предизвикани од вирусот Ковид-19.

    Нашата компанија донира десет милиони денари кон Министерството за здравство, со цел да придонесе за ефикасност на јавниот здравствен систем во напорите при справување со Ковид 19.

    Ние препознаваме дека сме дел од ова општество, поради што постојано настојуваме да го помагаме. Ова не е единствената активност која ја презедовме. Дополнително, тимот на Државна видеолотарија обезбеди уште две донации.

    Донација од десет илјади евра во медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања

    Со донација од 10 илјади евра ќе помогнеме итно да се набави медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања. Тие во ситуација на глобална пандемија од Ковид-19 се изложени на силен ризик. Затоа и одлучивме да реагираме брзо, со цел итно да се изврши набавка на дополнителна заштитна опрема за нив и за нивните родители, но и за медицинскиот персонал кој се грижи за овие дечиња.

    Државна видеолотарија со донација во вредност од 492.000,00 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје

    Нашата компанија обезбеди и донација од 492.000 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје. Средствата од оваа донација ќе бидат употребени за набавка на пет Пулсоксиметри-медицински уреди за новороденчиња.

    Солидарни  и кон нашите сограѓани и вработени

    Знаеме дека и во овие услови има луѓе кои мора да одат на работа, поради што користат јавен превоз. Со цел да придонесеме кон нивна заштита, обезбедивме и средства за дезинфицирање во сите автобуси кои сообраќаат на активните автобуски линии на ЈСП Скопје, како и заштитни маски за возачите.

    Државна видеолотарија како одговорна компанија презеде и низа активности и неопходни протоколи со цел да ги заштити и своите вработени од изложеност на Ковид 19.

    —–

    Државна видеолотарија ќе продолжи да го следи развојот на состојбата предизвикана од Ковид-19. Сите наши идни активности можете да ги следите преку профилите на социјалните мрежи на нашите брендови:

    VLT – Фејсбук и Инстаграм

    2win – Фејсбук и Инстаграм

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.