Челниците на УЕФА по денешниот видео-состанок со 55 земји членки на асоцијацијата дадоа одредени насоки што треба да се направи за да се заврши сезоната како во домашните првенства така и во меѓународната конкуренција.
„Беа презентирани неколку календари кои се однесуваат на клупските и репрезентативните активности а сите федерации ќе ги добијат предвидените средства преку „Хет-трик“ програмата. УЕФА ќе ги земе в предвид и лигите кои ќе бидат завршени пред време или поништени и ќе ги класифицира како „специјални случаи“. За нивно учество во европските купови ќе мора да бидат исполнети неколку критериуми. Одлуките ќе биде соопштени за време на Управниот одбор на УЕФА в четврток“ – стои во соопштението.
На состанокот со претставниците на 55 членки преку конференциска видеоврска, УЕФА препорача Топ-5 првенствата во Европа обавезно да ја завршат сезоната а другите можат да донесат одлука дали ќе доигруваат или ќа ја прогласат сезоната за завршена.