Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени двојките за бараж натпреварите за пополнување на Втората македонската фудбалска лига – Запад.
На 7. јули на Градскиот стадион во Тетово, воведниот натпревар ќе го одиграат екипите на Чаклани и Фортуна. Три дена подоцна на истата локација ќе се соочат екипите на Чаклани и Велешта додека на 13. јули е предвиден дуелот Велешта и Фортуна под услов да има натпреварувачко значење.
На 10. јули на Градскиот стадион во Штип, бараж натпреварот за пополнување на Втората македонска фудбалска лига – Исток ќе го одиграат екипите на Росоман и Слога Виница. Сите натпревари ќе започнат во 17 часот и ќе бидат орагнизиарни во согласност со препораките за заштита од „ковид-19“.