Фудбалската федерација на Македонија преку официјално соопштение најави дека бараж дуелите за влез во ВМФЛ-Запад се откажани поради нови случаи на заразени фудбалери.
Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.
Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 потврдија дека вкупно 13-ет фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на Covid-19.
Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.
Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток.