Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, може да добие тешка казна поради агресивното однесување за време на натпреварот со Арсенал (1:1) од полуфиналето во Лига Европа.
УЕФА започна истрага за случајот, а весникот “AS” прогнозира дека има веројатност Аргентинецот да биде казнет да со суспензија од 5 натпревари, а не 3, како се претпоставуваше. Според изданието, Симеоне ќе биде дисквалификуван на 3 натпревари поради навреди упатени кон судијата, но можно е во казната му да бидат додадени уште 2 средби поради тоа што одржувал контакт со луѓето од штабот, откако веќе беше избркан од Судија.
Конечната одлука за санкцијата на Симеоне, ќе биде донесена на 4 мај.