Медиумите во Шпанија денеска открија, дека Кике Сетиен, кој неодамна беше именуван за тренер на фудбалерите на Барселона, бил последната опција за Каталонците откако Ернесто Валверде заработи отказ.
Челниците од – „Камп Ноу“, преговарале интензивно со Чави , Роналд Куман, Масимилијамо Алегри, Маурисио Почетино и Гарсија Пиемент, но, ниту еден од нив не сакал да седне на тренерското столче кај шпанскиоt шампион.
Што се однесува до Сетиен, тој се согласил да ја води Барселона под услов да добие договор до 2022 година.