Италијанскиот шампион Јувентус ја постави цената на Алекс Сандро, бидејќи Бразилецот на крајот на летото најверојатно ќе си замине од Торино. Како што објавија италијанските весници, Јуве за него ќе бара нешто повеќе од 52 милиони евра.
Оваа сума не е проблем за заинтересираните клубови, но сега на ред се и личните преговори со Бразилецот. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е францускиот шампион ПСЖ, па дури имало и разговори меѓу двата тима за трансферната цена.
Втортиот заинтересиран тим за Сандро е Манчестер Ј., но засега од таму се уште не се поврзале со италијанскиот шампион.