Фудбалската федерација на Македонија го комплетираше нејзиниот дел од обврските околу реновирањето на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
-Со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување а исто така, многу значајно е тоа што се постави и целосно ново рефлекторско осветлување“ – стои во објавата на ФФМ.
Според договорот со градот, Општината ќе треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот.