Фудбалскиот состав Наполи објави по пат на социјалните мрежи дека нашиот интеранционалец, Елиф Елмас, е позитивен на коронавирус и дефинитивно ќе го пропушти претстојниот дуел од Лигата на Нации против селекцијата на Косово.

Доцна синоќа италијанците најавија дека по новите тестирања има зголемен број на заразени со ковид-19 и дека дел од тестовите ќе бидат испратени на дополнителна обработка.
Тие покажале дека и македонскиот фудбалер е позитивен и дека нема да може да дојде за баражот со косоварите на 8 октомври.

