Нашите млади фудбалери (У21) денеска од 14.30 на терените на ФФМ ќе излезат на мегдан со Израел во дерби мечот на 9 коло во квалификациската група 6 за пласман на Европското првенство.
На континеталниот собир ќе одат првопласираните селекции и најдобрите пет втори селекции од деветте групи. Македонија сега е последна од второпласираните, но, теоретски останува во игра за ЕП. До крајот на групната фаза не чекаат два меча со Израел и средбата со Црна Гора.
Денеска во нашата група од 18.00 часот Фарски Острови ќе играат со Црна Гора додека од 18.45 часот Шпанија против Казахстан.Табела: Шпанија 19, Македонија 13, Израел 11, Казахстан 10, Црна Гора 7 и Фарски Острови 3 бода