Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се соочува со големи проблеми во ростерот за денешниот натпревар со Интер во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите.
Французинот откако остана без неколку стандардни играчи ќе мора да прави одредени ротации. Медиумите во првата постава ги најавуваат: голамнот Куртоа, бековите Васкез и Менди, стоперите Варан и Рамос, во средниот ред треба да се појават Касемиро, Крос и Валверде а во нападот Асенсио, Азар и Бензема.
Во тимот нема да бидат вклучени: Карвахал, Одриозола, Начо, Милитао и Одегард.
