Фудбалерите на Академија Пандев, Силекс, Македонија ЃП и Струга обезбедија место во последниот елиминациски дел во националниот Куп.
Академија Пандев направи изненадување совладувајќи го на домашен терен Шкупи со 2 спрема 1, Македонија ЃП беше сигурна на стадионот на Беласица и победи со 4:1. Силекс по изведувањето на пеналите ја елиминираше Шкендија откако мечот заврши без голови додека Стружани славеа минимално против Ренова со 1:0.
Двојките за полу-финалето допрва ќе бидат одредени а натпреварите ќе бидат одиграни догодина на 7 април.

