Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини во последното интервју откри како стојат позициите во однос на договорот на селекторот, Игор Ангеловски, кој успеа да направи историски успех и заедно со фудбалерите да обезбеди пласман на Европското првенство.
„Договорот со Игор Ангеловски ќе истече на 31 декември. Практика е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелниот договор, така што со него ќе разговараме по Нова година.“ – вели Сејдини.
Македонија си обезбеди место на Континеталниот собир откако успеа да победи во финалето во Лигата на Нации.

