Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, очекува два тешки меча со унгарскиот состав Татабања во Европската лига кои според договорот меѓу двата тима ќе бидат одиграни утре и в четврток во салата во Битола.
„Ќе беше подобро да имавме поддршка од публиката, сепак, полесно е да играме на домашен терен, отколку да патуваме. Татабања е цврст тим, кој има силен ритам 60 минути. Верувам дека ќе бидеме трпеливи, мудри и храбри за да го добиеме мечот“ – вели Бабиќ.
„Верувам дека Кушан ќе игра иакои ма проблеми со коленото. Карим ќе игра, ќе ни се приклучи а Вегар треба да биде во тимот. За Велковски не можам категорички да кажам, сигурно ќе имаме 2-3 замени од ростерот кој играше во Загреб“ – вели Бабиќ.