Арсенал размислува да влезе во битка за потписот на напаѓачот на Атлетико (М), Муса Дембеле, кој е под договорна обврска со Олимпик Лион.
Лондончани гледаат на 24-годишниот Французин како потенцијална замена за Александар Лаказет и Едвард Нкетија, кои може да ги сменат клупските бои на крајот на сезоната.
Атлетико има опција да го откупи Дембеле за 30 милиони фунти, но бидејќи напаѓачот одигра само 6 натпревари за Атлетико, Лион може да го продаде за 25 милиони фунти.

