Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонија по втора победа во Сребрената лига, вечерва против Израел во Струмица
    Домашен микс

    Македонија по втора победа во Сребрената лига, вечерва против Израел во Струмица

    risteBy riste22/05/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По  стартната убедлива победа над Кипар, вечерва од 20 часот во спортската сала „парк“ во Струмица, македонската одбојкарска репрезентација ќе го одигра вториот натпревар од првата фаза на Сребрената европската Лига.

    Вториот противник на Македонија ќе биде селекцијата на Израел, која вчера имаше тежок натпревар против Данска, во кој иако двапати водеа, на крајот загубија со 3:2.

    За разлика од Израел, Македонија вчера имаше убедлива победа во три сета против Кипар и многу помалку се „потрошија“ нашите одбојкари во однос на пртивниците. Сепак во таборот на нашата репрезентација не планираат никакви калкулации и опуштање, напротив сакаат уште една победа во ова натпреварување.

    Македонија и Израел досега имаат одиграно два меча во Европската лига и тоа во 2015 година, кога двапати успеавме да ги победиме со 3:0. Пред оваа средба денес во Струмица ќе се игра и средбата од а 2. коло во нашата група, од 17 часот играат Данска и Кипар.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.