Македонската фудбалска експедиција денеска со чартер-лет замина за Романија пред стартот на Европското првенство на кое ќе ја има дебитантската улога.
Нашиот национален тим првите два натпревара против Австрија и Украина на 13 и 17 јуни ќе ги одигра во Букурешт додека мечот против Холандија ќе биде реализиран на 21 јуни на Арената во Амстердам. Селекторот, Игор Ангеловски, ќе може да ги користи сите фудбалери откако последните ковид-тестови покажаа дека нема заразени во нашиот табор.
На испраќањето на фудбалерите беа присутни членови на државниот врв.

