Горан Пандев во интервју за – „Скај Спорт“, изјави дека е фокусиран на случувањата на Европското првенство и дека не размислува за иднината.
„ Да бидам искрен, не знам дали ќе се предомислам и дали ќе продолжам да играм фудбал. Ќе донесам одлука по крајот на Европското првенство. Емоциите беа навистина посебни по постинатиот гол. Се надеваме дека можеме да оствариме добри резултати на наредните натпревари и дека ќе продолжиме да правиме историја“ – вели Пандев.
„ Нареден противник ни е Украина. Тие ме импресионираа на првиот меч против Холандија. Знаеме дека ќе играме против силен тим, имаат одлични индивидуалци а Шевченко како тренер прави одлична работа“ – изјави Пандев.