Една од најмаркантните фудбалски личности во историјата на Италија, Дино Зоф, имаше само пофални зборови за селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини.
„Тој е искусен тренер, знае фудбал и има стекнато искуство и во странство“, рече поранешниот голман, кој го освои ЕУРО во 1968 година и загуби во финалето како тренер во 2000 година.
„Неговиот менаџмент е исклучителен. Се надевам дека ќе остане долго време, континуитетот е од суштинско значење за репрезентацијата. Ние имаме квалитет, искуство, карактер. Можеме да победиме„ – вели Зоф.

