По најавата дека фудбалерот, Пол Погба ,може да си замине од Манчестер Јунајтед и да се пресели во ПСЖ, се огласи летното засилување на „светците“, Џини Вајналдум.
„Би сакал да го имаме со нас Погба. Тој е фантастичен. Неколку пати играв против него“ – вели поранешниот играч на Њукасл и Ливерпул.
„Погба е извонреден фудбалер. Тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот“ -истакна Холанѓанецот.